Митаракис им даде рок од една недела на локалните власти од островите да предложат нови локации за изградба на затворените центри

Од:

Грчкиот министер за миграција и азил, Нотис Митаракис, на локалните власти од островите им даде рок од една недела да предложат нови локации за изградба на затворените центри за бегалци и мигранти, во обид да се најде решение за несогласувањата што постојат меѓу владата и локалната самоуправа, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за миграција и азил и префектот на северниот дел на Егејското море, Костас Муѕурис, утрово беа гости во информативна емисија на грчката телевизија ЕРТ, каде што Митаракис, најави дека „ја замрзнува“ изградбата на центрите за да постои дијалог со локалните власти. Подоцна излезе со став и преку социјалните мрежи.

-Една седмица рок за локалната самоуправа да посочи други простори за затворени центри на островите. Се е подготвено за спроведување на владиниот план, за да се затворат анархичните отворени центри и да се забрза политиката за азил и враќања, напиша на социјалните мрежи министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис и објави фотографија со префектот на северниот дел на Егејското море, по нивното заедничко гостување на ЕРТ.

Во утринската информативна емисија, министерот и префектот имаа дискусија околу ситуацијата на островите и различните позиции за изградбата на новите затворени центри.

-Ако ние, до лето не ги затвориме отворените центри и ја имаме истата ситуација сите жители на островите и тебе и мене ќе ни велат: „Што правевте цела зима“, рече Митаракис, на што префектот му одговори дека нема да се затворат центрите бидејќи е голем бројот на бегалци и мигранти, а „градбите, не се градат за шест месеци, тоа се големи објекти“.

По што министерот за миграција и азил најави замрзнување на изградбата и можност одново да започне дијалогот.

Во однос на новите затворени центри, Митаракис објасни дека просечниот период на престој ќе биде помалку од шест месеци, a објектите ќе бидат затворени за сите.

Би можело да ве интересира

Контрола на сите возила на автопатиштата и патарините во Грција

А1он

Грчкиот туризам да се насочи кон земјите кои добро се справуваат со епидемијата, бараат од Здружението на грчки туристички фирми

Ана Ололовска

Глобална иницијатива за помош во справувањето со Ковид-19 од Фондацијата „Ставрос Ниархос“ во висина од 100 милиони долари

Ана Ололовска

Започнуваат со работа 500 мобилни здравствени единици во Грција за грижа и земање примероци на можни случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

Од Ковид-19 во Грција веќе има 81 жртва, заразени вкупно 1.832 граѓани

А1он

Двојно зголемено купувањето преку интернет во Грција

А1он