Мисијата на ОБСЕ во БиХ најостро го осудува негирањето на геноцидот

Од:

Негирањето на геноцидот е неприфатливо и Мисијата на ОБСЕ во БиХ најостро ги осудува изјавите на официјални претставници кои ги негираат потврдените злосторства, вклучувајќи го и геноцидот, истакна шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, амбасадорот Брус Бертон.

Тој изјави дека Мисијата на ОБСЕ во БиХ ги потсетува сите лидери во Босна на Декларацијата за воени злосторства од 2018 година, која е потпишана на Самитот на земјите од Западен Балкан во Лондон, во рамки на Берлинскиот процес.

Амбасадорот Бертон нагласи дека со декларацијата, БиХ се обврзува на признавање и почитување на пресудите од меѓународните и домашните судови во врска со воени и други најтешки меѓународни злосторства, како и спречување говор на омраза и славење на воените злосторници.

– Политичарите треба да се фокусираат на иднината на БиХ, на промовирање взаемно разбирање, толеранција и дијалог, и да се воздржат од интерпретирање и манипулирање со минатото за политичка корист, нагласи Бертон.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ денеска во Сребреница ќе присуствува на последното испраќање на 33 жртви на геноцид во Сребреница, извршен во јули 1995 година, чии посмртни останки ќе бидат закопани во Меморијалниот центар во Поточари.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски