Мирно заврши пладневниот протест во Атина по повод годишнината од убиството на Алексис Григоропулос

Од:

Под драконски безбедносни мерки, огромен број специјални полициски единици, со дрон што ги следеше демонстрантите и со затворен голем дел од центарот на градот заврши протестот на учениците, студентите, но и анархистите по повод 11-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, 15-годишното момче кое на 6 декември 2008 беше застрелано од полицаец.

На чело на протестот низ улиците во Атина до грчкиот парламент беше блокот на анархистите, а веднаш зад нив и учениците и студентите.

Првиот протест закажан за денеска помина мирно и без инциденти, а вториот е закажан за 18 часот по локално време.

За безбедноста во Атина ангажирани се околу 4.sd/000 полицајци, хеликоптери и дронови, а доколку биде потребно, ќе бидат подготвени и цистерните со топови вода на грчката полиција за растерување демонстранти.

Безбедносните мерки и планот на полицијата се речиси идентични како и оние пред 20 дена за одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата.

Изминатите години, протестите завршуваа со сериозни инциденти и судири меѓу полицијата и демонстрантите токму во Ексархија, населба што важи за собиралиште на анархисти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски