Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература

Од:

Претставници на „Здружението на жртви и сведоци на геноцидот во БиХ“ организираа денеска мирен собир пред зградата на Амбасадата на Шведска во Сараево, поради одлуката Нобеловата награда за литература да се додели на австрискиот книжевник Петер Хандке.

Демонстрантите оценија дека со врачувањето на наградата на Хандке е исто како таа да била доделена на некогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на Хандке, беше покрената е петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година. Нобеловиот комитетот потоа соопшти дека не постои начин за повлекување на наградата.

На денешниот протест во Сараево, претставничлките на здружението „Мајки од Сребреница“ држеа фотографии од Хандке, на кои се гледа дека тој бил во Сребреница во летото 1996 година, пренесува сараевскиот портал Кликс. Претседателката на здружението Мунира Субашиќ на Амбасадата и предаде писмо за кралот и кралицата на Шведска, во кое ги предупредува дека наградата е доделена некому кој поддрувал злосторство.

– Наградата можеа да ја доделат и на (Радован) Караџиќ и (Ратко) Младиќ и на сите кои извршија злосторства над муслиманите, оцени Субашиќ. Тие ја повикаа Академијата на Шведска да се откаже од доделувањето на наградата и да направи преседан.

Би можело да ве интересира

Босанец осуден на 17 години затвор за силување на три малолетни сестри, со чија мајка бил во врска

Жарко Настоски

ЕУ им ги продолжи мандатите на специјалните претставници за БиХ и Косово

Ана Ололовска

Жељко Комшиќ од утре ќе претседава со Претседателството на БиХ

Ана Ололовска

Палмер се надева дека Шмит ќе биде последниот висок претставник во БиХ

Ана Ололовска

Станишиќ и Симатовиќ осудени на по 12 години затвор во Хаг, не се виновни за повеќето дела

Жарко Настоски

Сараево: Заврши тридневната Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји

Ана Ололовска