Министрите за здравство на Косово и на Србија разговараа со посредство на Италија и КФОР за епидемијата на Ковид-19

Од:

Амбасадорот на Италија во Косово, Никола Орландо ја поздрави заложбата на министерот за здравство на Косово Арбен Витиа и неговиот колега од Србија Златибор Лончар за, како што вели, практична соработка во напорите за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Орландо попладнево објави на својот Твитер дека Италија, заедно со меѓународната воена мисија во Косово, КФОР, беа домаќини на видео-конференција меѓу првите луѓе на здравството на двете држави.

Италијанскиот дипломатски претставник во Приштина ја поздрави, како што напиша, посветеноста на министрите Витиа и Лончар „да ги надминат дистанците и да се посветат на здравјето на граѓаните, како врвен приоритет“ на двете држави.

Министрите на Косово и Србија, според Орландо, разменија информации за ситуацијата на терен и за преземените дејствија за справување со пандемијата и го нагласија значењето на соработката меѓу државите за спречувањето на ширењето на новиот коронавирус во регионот.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва