Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес

Од:

Со состанок на министрите за внатрешни работи, како што најави германскиот канцелар Олаф Шолц, продолжува берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел за приближување на Западен Балкан до ЕУ.

Во Берлин денеска ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки на ЕУ, актуелниот претседател на ЕУ, како и претставници на Европската комисија и државите од Западен Балкан.

Главни теми на состанокот на министрите ќе бидат илегалната миграција, борбата против корупцијата и организираниот криминал и третманот на повратниците од областите под контрола на џихадистите, соопшти германското МВР.

Поканети се министрите на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

На состанокот во Берлин ќе присуствуваат претставници на Европската унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации.

Берлинскиот процес беше инициран во 2014 година од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел како продолжение на претходните Конференции за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во Европската Унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа