Министерски форум во Дубровник за влијанието на пандемијата

Од:

Форумот во Дубровник, што ќе се одржи в петок и сабота и ќе се фокусира на пандемијата со Ковид-19, ќе биде домаќин на десет министри за надворешни работи, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и новиот висок претставник за БиХ, Кристијан Шмит.

Главната тема на четиринаесеттото издание на Министерскиот форум ќе биде влијанието на пандемијата врз геополитичките односи и светската економија, а ќе ја отвори в петок премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Борел, комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министрите за надворешни работи на Малта, Словачка, Словенија, Албанија, Грција, Чешка, Црна Гора, Северна Македонија и Летонија ќе пристигнат во Дубровник.

Покрај домаќинот Гордан Грлиќ Радман, на форумот ќе присуствува и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, како и други дипломати и претставници на организации како ОЕЦД и ЕБОР.

Кристијан Шмит, новиот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, ќе го има својот прв меѓународен настап на форумот, а во Дубровник ќе дојдат и европскиот комесар за демократија и демографија Дубравка Шуица и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Три дискусии ќе се одржат в сабота, на темата геополитика во светот по пандемијата, политичката состојба на Западен Балкан и економскиот развој во регионот преку Европската унија и иницијативите Три мориња и Кина 17+1.

Форумот ќе се одржи во согласност со епидемиолошките мерки – учесниците ќе треба да презентираат сертификати и ќе се обезбеди тестирање на лице место.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски