Бугарскиот министер за транспорт ќе се сретне со своите колеги од Македонија, Турција и Романија за побрзо движење на патници и стоки

Од:

Подобрувањето на прекуграничниот сообраќај, како еден од главните приоритети на Владата, е водечка тема на претстојните средби на министерот за транспорт и врски Николај Сабев со неговите колеги од Република Северна Македонија, Турција и Романија, соопшти прес-центарот на Министерството.

Целта е побрзо движење на патниците и стоките на запад, југ и север.

Првата средба е со министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, на 25 јануари. Тоа ќе биде дел од заедничката средба на владите на двете земји во Софија.

На 27 јануари 2022 година во Свиленград ќе се разговара за мерките за подобрување на патниот сообраќај меѓу Бугарија и Турција, особено за граничните пунктови „Капитан Андреево“ – „Капакуле“ и „Лесово“ – „Хамзабејли“.

Забрзаното движење на луѓе и стоки ќе биде тема и на средбата со вицепремиерот и министер за транспорт и инфраструктура на Романија Сорин Михаи Гриндиану на 28 јануари во Русе. На средбата се очекува да се разговара за можностите за подобрување на поврзаноста меѓу двете земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија