Министерот Ќуни го замоли Курти да се предомисли и да ја спаси Владата

Од:

Министерот за одбрана на Косово Антон Ќуни, кој е од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), на денешната седница Собранието на која се расправа за иницијатива на неговата партија за смена на актуелната влада, побара од премиерот Албин Курти во текот на паузата на собраниската седница да најде начин да го спречи растурањето на актуелната коалиција.

Како што  јави дописникот на МИА од Приштина, Ќуни непосредно по попладневната пауза на седницата која започна околу пладне, побара од Курти да ја повлече одлуката за разрешување на министерот за внатрени работи Агим Велиу, што беше повод за иницирањето од страна на ЛДК на гласањето за недоверба на Влдата.

Ќуни ја презеде одговорноста во текот на паузата на собраниската седница да разговара со лидерот на ЛДК Иса Мустафа и со пратениците од неговата партија за повлекување на барањето за смена на владата, доколку Курти ја смени одлуката за разрешување на Велиу.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски