Милановиќ со критика за датумот на изборите во Хрватска

Од:

Претседателскиот кандидат Зоран Милановиќ изјави денеска дека одлуката да се одржат избори за претседател на Хрватска на 22 декември е „кражба и срамота“, оценувајќи дека цел на премиерот Андреј Пленковиќ е да се спречат граѓаните да изберат „подобра Хрватска“.

Тој на Фејсбук наведе три причини за својата критика. Милановиќ верува дека на тој начин владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) сака да го намали бројот на граѓани кои ќе излезат на гласање и во првиот круг (22 декември) и во вториот круг (5 јануари) бидејќи семејствата тогаш најверојатно ќе бидат на одмор.

Исто така, Милановиќ оцени дека на тој начин се убива кампањата за втор круг, бидејќи се темпира времето на празници за да се „сокрие безвредноста на кандидатката на ХДЗ“, актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

„Се отстапува од праксата и правилата до кои се држеше политичката мајка на Пленковиќ – Јадранка Косор, која во 2009 година распиша прв круг избори меѓу Божик и Нова Година, ја посочи Милановиќ третата причина за својата критика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жестоко невреме го зафати Јадранот, поплавени приморските градови

А1он

Хрватска: СДП утре избира претседател на партијата

Ана Ололовска

204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Ана Ололовска

Сеизмолог: Во Загреб е можен земјотрес 30 пати посилен од оној во март

Ана Ололовска

Хрватска го намалува траењето на карантинот од 14 на десет дена

А1он

Волстрит журнал: Хрватска со отворањето на туристичката сезона стана случај кој опоменува

А1он