Милановиќ и Грлиќ Радман изразија сочувство за трагичната несреќа на косовскиот автобус

Од:

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, и шефот на дипломатијата, Гордан Грлиќ Радман, изразија сочувство до народот на Косово и семејствата на жртвите од трагичната несреќа што се случи утринава во Хрватска, во близина на Славонски Брод.

„Изразувам сочувство до семејствата на патниците кои загинаа во сообраќајната несреќа што се случи утрово во близина на Славонски Брод, сочувствувам со властите и народот на Косово во овој тажен момент за сите нив. Им посакувам на повредените патници брзо закрепнување“, напиша претседателот Милановиќ/

„Ја повикав министерката (Доника) Гервала-Шварц и им го пренесов сочувството на луѓето и семејствата на жртвите од трагичната автобуска несреќа што се случи утрово во Хрватска“, напиша Грлиќ Радман на својот профил на Твитер.

„Изразив надеж за брзо заздравување на повредените во сообраќајната несреќа“, додава шефот на хрватската дипломатија

Десет лица утринава загинаа, а 45 се поврдени, од кои 15 посериозно, кога автобус со косовски регистарски таблички слета на автопатот кај Славонски Брод.

Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ изрази сочувство до косовските власти, семејствата на жртвите и народот.

Би можело да ве интересира

Рама му се заблагодари на Курти за честитките и најави скорешна посета на Косово

А1он

Османи и Грвала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

А1он

Заев: Заедничката седница со Косово е потврда на одличните односи и заедничките интереси за Западен Балкан како регион на траен мир

А1он

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија

Ана Ололовска

Изменет сообраќаен режим утре во Скопје

А1он

Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска

Ана Ололовска