Милановиќ: Брнабиќ е портпаролка на Вучиќ, не ги слушам изјавите на овие „херои од времето на злото“

Од:

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, коментирајќи ја изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека таа не е премиерка на сите Срби, туку на Р.Србија, кажа дека не ги слуша нејзините изјави, ниту изјавите на кој било од овие „херои од времето на злото“ во Србија, соопшти белградска ТВ Н1.

Брнабиќ вчера во Мостар реагираше на претходна изјава на Милановиќ дека тој е претседател на сите Хрвати.

-Единствената личност што всушност зборува преку неговите различни изведби е претседателот на Србија (Александар Вучиќ), овие сите други се негови портпароли. Значи, нема смисла да влегуваме во полемика со нив, кажа Милановиќ.

На тезата на Ана Брнабиќ дека поради оваа изјава на Милановиќ може да реагира Европската унија, Милановиќ кажа: „Ние сме Европска унија, тие не се, и ако продолжат да се однесуваат вака, прашање е кога ќе бидат“.

Хрватскиот претседател ја именуваше Ана Брнабиќ како портпаролка на претседателот на Србија и и посака гостопримство во селото Стара Башка на островот Крк, нагласувајќи дека тоа е местото на неговите, но и на предците на Брнабиќ и местото каде што е создадена Башчанската плоча (глаголски натпис од 12 век).

На прашањето за предупредувањата на претставникот на Хрватите во Војводина, Томислав Жигманов, за проблематичниот однос кон хрватскиот јазик во основните училишта во Србија, Милановиќ кажа дека Хрватска не може да одреди што ќе пишува во книгите и учебниците во Р.Србија.

-Но, можеме да почнеме да размислуваме за реципрочни мерки, бидејќи нашите раце беа многу раширени. Хрватска навистина има високи стандарди за заштита и поддршка за малцинствата. Таков однос кон Хрватите во соседните земји очигледно не постои, кажа Милановиќ.

Тој порача дека Буњевците се формирани како хрватски корпус и додаде дека „Суботица е град во Србија“.

-Тој народ (Србите) ја напуштија Хрватска благодарение на Белград. Не ги избрка хрватската војска затоа што не пристигнаа, дури и да имаа таква намера, заклучи Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски