Мијатовиќ бара ефикасна заштита на сведоците за воените злосторства во поранешна Југославија

Од:

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ, бара сведоците во постапките поврзани со злосторствата извршени за време на војните во 90-тите години на минатиот век во поранешна Југославија ефикасно да бидат заштитени и поддржани, јави дописникот на МИА.

Обезбедувањето ефективна заштита и поддршка на сведоците во контекст на кривични постапки е клучно за борбата против неказнивоста за злосторствата извршени за време на војните во 90-тите години на минатиот век во поранешна Југославија. Сепак, во текот на последните денови, во локалните медиуми беше објавено името на заштитен сведок во случај на воено злосторство во Босна и Херцеговина, кој наводно го вмешал премиерот на Република Српска, досиејата за воени злосторства кои содржат имиња на сведоци, беа анонимно пренесени од Специјализираните косовски совети во организацијата на ветерани во Косово. Ваквиот развој на настаните е неприфатлив и покренува голем број сериозни прашања што треба да ги решат релевантните органи, обвинителствата и судовите, смета Мијатовиќ.

-Недостатокот на ефективна заштита на сведоците е проблем за загрижување во земјите во регионот од пред многу години. Тоа одврати многу сведоци да не се појават и да даваат непроценливи сведоштва за воените злосторства и можните места на масовни гробници во кои се наоѓаат остатоците на илјадници лица кои се уште се водат како исчезнати во регионот. Многу заштитени сведоци се самите жртви на воени злосторства и живеат во истите заедници со насилниците. Во некои случаи кога беа обелоденети имињата на сведоците, нивните животи беа загрозени и им се закануваа на нивните семејства, а некои сведоци беа исфрлени од сопствените заедници заради нивните сведочења, додава комесарката за човекови права.

-Ги повикувам сите политичари и членови на судството во регионот сериозно да го сфатат прашањето за заштита на сведоците во случаите на воени злосторства и да ги преземат сите неопходни мерки за да се осигури дека ниту еден сведок не мора да се плаши за својот живот кога сведочи во случај на воени кривични дела. Клучно, ова вклучува навремено идентификување и изведување пред лицето на правдата на лица кои се обидуваат да заплашат сведоци, додава Мијатовиќ.

Таа притоа испрати и повик до медиумските професионалци да не откриваат информации за идентитетот на заштитените сведоци. Бидејќи со тоа, според неа, тие не само што ги кршат етичките кодекси на новинарството, туку ризикуваат да бидат и кривично одговорни.

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

Орце Костов

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска