Мигрантка се породи в шума во Хрватска

Од:

Бремена Ирачанка се породи в шума во близина на местото Глина, околу 70 километри јужно од Загреб, откако нелегално влегла во Хрватска со сопругот, соопшти полицијата.

Девојчето е родено на 5-ти ноември. Жената била во последната недела од бременоста, па полицијата повикала и брза помош. Тие ѝ помогнале да се породи на самото место пред да пристигне брзата помош. Таа и бебето подоцна биле префрлени во Општата болница во Сисак.

Истрагата откри дека трудницата е од Ирак и нелегално ја преминала границата. Мажот имал намера да аплицира за азил и се наоѓа во прифатилиштето за баратели на азил во Загреб.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари