Мигрантите на Лезбос се префрлаат во нов камп

Од:

На егејскиот остров Лезбос грчката полиција спроведува операција за префрлање на повеќе од илјади мигранти и бегалци во нов камп на островот откако се во пожар изгоре прифатниот камп Морија.

Полицијата се обидува да ги убеди мигрантите и бегалците да се преселат во нов камп, а на почетокот од операцијата не е забележано насилство.

Пожар го уништи кампот Морија, поради што над 1.200 луѓе ноќите ги поминуваат на отворено, импровизирајќи засолништа од ќебиња, трски и картони.

Новиот камп го сочинуваат големи семејни шатори, во кои можат да се сместат околу 8.000 луѓе, но досега се вселиле само околу 1.100 мигранти и бегалци. Сите кои се сместени во новиот камп беа тестирани на Ковид-19.

Шестмина Авганистанци, меѓу кои двајца малолетници минатата недела беа уапсени под сомнение дека подметнале пожар во Морија, откако во кампот беше воведен карантин поради инфицирани лица со новиот коронавирус,

Официјално сместувачките капацитети на Морија беа приближно 2.700 места, но бројот на сместени мигранти и бегалци надмина над 12.500.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски