Мигранти-духови го преплашуваат жвотот на грчко-македонската граница

Од:

Катимерини – Атина

Во заспаното бифе во Идомени, грчката железничка станица на границата со Македонија, ѕвонче на телефон ја прекина бескрајната тишина. Менаџерот Стратос ја прима нарачката: пет порции бамји, три со пилешко, четири салати, 10 шишиња вода.

Нема адреса. Доставата се врши до блискиот пошумен рид – домот на заедницата мигранти-духови. Тука, покрај буките и камењата и топлиот правлив воздух, тие го поминуваат времето во криење, очајни илегално да преминат во Македонија.

Пред неколку месеци, Идомени беше огромен град од шатори и повеќе од осум илјади луѓе спиеја по калливите полиња, чекајќи да им се дозволи да продолжат кон северна Европа во потрага по безбедност и подобра иднина.

Повеќето од нив беа Сиријци, Авганистанци и Ирачани кои бегаа од граѓански војни, заради религиозни прогонувања и сиромаштија. Тие веќе минале опасен пат преку Егејското Море, каде стотици се удавија минатата година, за на крајот во февруари да заглават на границата кога Македонија и другите држави кон север го забранија нивното минување.

– Примаме повици и разнесуваме храна на четири до пет специфични локации, не секогаш во истата област, вели Стратос, кој е задоволен од дополнителниот приход затоа што и нема други муштерии.

Тој не зборува англиски ниту арапски јазик, но него му се јавува мигрант кој живеел неколку години во Грција и добро владее со јазикот.

– Се е во ред, дури им даваме и сметки. Единствено, понекогаш мигрантите и не се појавуваат бидејќи се плашат да не бидат уапсени од полицијата, додава Стратос.

Грчката полиција го расчисти Идомени минатиот мај и продолжила да патролира по ридовите во потрага по оние кои се кријат.

Но кога кампот бил расчистен, илјадници бегалци и мигранти веќе исчезнале за да избегнат да бидат преместени во организирани установи.

Многумина повеќе сакаат да лутаат по околината, каде тие веруваат дека е полесно да се стапи во контакт со групи шверцери со луѓе и да си платат за премин преку нечуваните гранични патчиња.

Локалните овчари велат дека редовно налетуваат на групи од луѓе кои се кријат во шумите, или на остатоци од нивна храна.

-Тие не слегуваат на патиштата, туку се кријат во шумите и полињата, вели еден 70-годишен овчар од блиското село Хамило.

Знаци дека мигранти поминале од тука лесно се забележуваат помеѓу дрвата: фрлени вреќи за спиење, облека, празни пластични шишиња од вода и искористени пелени. Во јуни, македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов рече дека шверцерите со луѓе искинале стотици дупки во 50 километри долгата жица на границата,

-Бројот на нелегални мигранти кои се обидуваат нелегално да ја минат границата во Македонија од Грција е 30 до 50 на ден, рече тој.

Тие бројки отприлика се совпаѓаат со оние кои ги дава грчката полиција.

– Секојдневно пресретнуваме од 50 до 200 луѓе кои се обидуваат да стигнат до границата, вели Илијас Болос, шеф на полицијата во округот Килкис. „Ќе ги вратиме, но тие пак се враќаат назад“, додаде тој.

Пред една година, бранот мигранти од Балканот кон Централна Европа го достигна врвот. Секој ден илјадници луѓе ја минуваат грчката граница на пат кон Германија и Шведска, со крајна цел за нов живот без репресии и сиромаштија.

Тој огромен човечки поток сега е ралативно помал, заради оградите и контролата во рамките на европските граници, и заради договорот со Турција со кој значително се намали доаѓањето на оние кои бараат азил од Сирија.

Оние кои се врткаат околу грчката граница се шверцери или малкумина очјаници – но тие веќе не ги одвојуваат новинските наслови, а по се изгледа ниту очајот кај нив не исчезнува.

Минатата недела, грчката полиција уапси двајца возачи на камиони од Бугарија кои превезувале 13 Авганистанци, меѓи кои и девет деца. Тие и рекле на полицијата дека шестмина од нив оделе кон Србија, каде секој на пристигнување требало да плати по 1,000 евра. Другите сакале да одат во Идомени. Други се обидувале да преминат во Македонија криејќи се под товарните вагони кои минуваат преку Идомени, со што го ставаат својот живот во ризик на шините.

– Пред некој ден најдовме авганистанско семејство на набрзина направена дрвена платформа под еден вагон, рече вработен на станицата во Идомени. „Децата беа со јажиња со јажиња врзани за телата на родителите. Призорот беше морничав“.

(во оригиналниот текст наместо Македонија употребен е акронимот ПЈРМ).

Би можело да ве интересира

Се испитува дали пожарот на Евија е подметнат

Голем пожар на Закинтос

Грција и Унгарија меѓу земјите со најмалку измами околу интернет-продажбата

А1он

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија

Германија мора да прими назад мигрант депортиран во Грција

А1он

Пожарот на Евија во Грција е вон контрола, медиумите го оквалификуваа како еколошка катастрофа