Мигрант од Сирија се обидел да силува жена во Белград

Од:

Модната креаторка Ирена Граховац на Твитер објави дека жена која е вработена кај неа во четвртокот вечерта се обидел да ја силува во центарот на Белград.

Против државјанинот на Сирија, 20 годишниот Мустафа Сабри поднесена е прекршочна пријава поради нарушување на јавниот ред и мир зашто во четвртокот вечерта во центарот на Белград ја допирал по телото 50 годишната белграѓанка.

– Жената се враќала во својот стан, кога осомничениот Сириец се доближил зад неа, почнал да ја фаќа насекаде по телото, по градите, но по нејзината реакција веднаш избегал.

Уплашената жена веднаш ја известила полицијата. Таа тврдела дека момчето, кое по се изгледа е мигрант, се обидел да ја силува.

Веднаш е утврден неговиот идентитет и е известено обвинителството кое сепак одлучило дека нема елементи на кривично дело-обид за силување, и затоа е поднесена само прекршочна пријава поради нарушување на јавниот ред и мир.

grahovac

Ирена Гарховац која ја објави информацијата на Твитер верува дека ова е само изолиран инцидент и вели дека не сака да испадне дека сите мигранти се насилни.

– Сакам само да апелирам дека треба да се организира прифатилиште за тие луѓе, бидејќи постојат изолирани инциденти кои можат да доведат до вакви ситуации.

– Жал ми е за нив, но жал ми е и за нас, сето тоа сега е една многу тешка ситуација, напиша таа.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати