Мицотакис: Животот во Мати да стане подобар од претходно

Од:

Моја лична заложба и на владата е Мати одново да го изградиме, а животот во Мати да стане подобар од претходно, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на утринската посета на населбата што лани беше зафатена од катастрофалните пожари во кои животот го загубија 102 лица, jави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, го посети плацот на кој беа насобрани сите изгорени дрва, беше собран околу 20 илјади тони запалив материјал, што за помалку од еден месец, беше исчистен.

-Беше многу полесно отколку што изгледаше, според тоа не постои објаснување зашто ова не беше досега сторено, рече грчкиот премиер и истакна дека за чистењето и отстранувањето на изгорениот материјал државата не потрошила ниту едно евро.

Мицотакис поразговара со одговорниот за чистењето на плацот, како и со локалното население, им ја пренесе неговата заложба и цел на неговата влада животот во Мати да стане подобар од претходно и порача дека приоритет е заштитата на човечките животи и имотите.

Би можело да ве интересира

Петта фаза од ублажувањето на мерките во Грција

Ана Ололовска

Грчката Влада ќе субвенционира купување електрични автомобили, мотори и велосипеди

А1он

Од грчката програма за домување заминуваат над 11.000 признати бегалци и лица кои немаат право на азил

А1он

Македонија меѓу земјите за кои од 15 јуни е дозволен влез во Грција

Ана Ололовска

Анкета: Грците против предвремени избори, економијата најважен проблем за земјата

Ана Ололовска

Поддршка од 2,9 милиони евра од САД за Грција за справување со миграциското прашање и Ковид-19

А1он