Мицотакис во официјална посета на САД

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја започнува официјалната посета на САД, а во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе има обраќање во Конгресот, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на брифингот со новинарите во петокот рече дека Мицотакис и Бајден ќе разговараат за меѓународните и регионалните теми, турските провокации, билатералните прашања во рамките на стратешките партнерски односи Грција- САД, руската инвазија во Украина, како и енергетиката.

Според официјалната програма, Мицотакис доцна вечерва ќе се сретне со Бајден во Белата куќа, додека пак утре ќе оствари средби со потпретседателката на САД Камала Харис и претседателката на Претставничкиот дом на САД Нанси Пелоси и ќе се обрати во Конгресот.

За обраќањето на Мицотакис во Конгресот, портпаролот на грчката Влада истакна дека станува збор за „почесна покана што се упатува на странски лидери во екстремно ретки случаи“.

-Во САД, премиерот ќе зборува со претседателот Бајден и ќе се обрати во Конгресот, како што самиот нагласи, не само во име на Грција, туку како претставник на хеленизмот. Ќе зборува како премиер на земја која има самодоверба и е кредибилен сојузник и фактор на безбедноста и стабилноста на Балканот, во Медитеранот и Југоисточниот Медитеран, истакна Иконому во петокот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски