Мицотакис: Во 2023 право на глас и за Грците кои живеат во странство

Од:

Работиме за конечно да добиете право на глас од местото каде што живеете, им порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на претставниците на грчката дијаспора во САД, за време на неговиот говор во Асторија и изрази надеж дека во 2023, Грците регистрирани во избирачките списоци, а кои живеат во странство, ќе може да гласаат без да биде потребно да патуваат во Грција, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Уставот одредува дека за гласањето од далечина потребен е закон кој треба да добие 200 гласови во парламентот. Набргу ќе започнам контакти со лидерите на политичките партии за да им го доставам предлогот, рече грчкиот премиер и објасни дека нема да има промени во изборните списоци, а гласот од дијаспората ќе се брои регуларно и додаде дека планира да го зголеми на 15 бројот на пратеници што се избираат на ниво на целата земја за да може дијаспората да има свои пратеници.

Претседателот на владата на Грција им порача на претставниците на дијаспората дека „нема да ги разочараат“, но и дека сака со надлежните министри да работи на намалување на бирократијата во конзулатите, jави дописничката на МИА од Атина.

-Набргу ќе видите резултати. Исто така ќе го поддржиме изучувањето на грчкиот јазик. Црквата и јазикот се двата елементи што ги одржуваат односите на дијаспората со татковината, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер говореше и за иднината на Грција, дека земјата се враќа во нормален тек и „со самодоверба повторно стои на свои нозе“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски