Мицотакис: Се соочуваме со невидена енергетска криза

Од:

Се соочуваме со невидена енергетска криза, а за оваа криза одговорна е исклучиво Русија и руската инвазија на Украина, која ги доведе цените на природниот гас на невидено високо ниво. Наша должност е да се соочиме со овој предизвик на национално и европско ниво, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Актуелната криза и владините мерки соопштени од Меѓународниот саем во Солун беа во фокусот на разговорите на Мицотакис и Сакеларопулу, а грчкиот премиер информираше за преземените иницијативи.

Најави дека освен поддршката за граѓаните за сметките за струја, Владата следната седмица ќе соопшти мерки и за природниот гас.

– Истовремено продолжуваме да работиме на европско ниво за поактивна интервенција. Жал ми е, бидејќи сè уште не успеавме да се договориме, земјите- членки и Европската комисија, за подрастичното решение, кое не би било ништо друго освен воведување плафон на цената на природниот гас, генерално го нагласувам ова, не само на рускиот природен гас, туку и на природниот гас севкупно преку индексот ТТФ во Европа, истакна Мицотакис.

Грчката претседателка посочи дека Европа се соочува со најголемата енергетска криза во последните децении, а „претстојната тешка зима се очекува да ги погоди главно ранливите и најслабите“.

– Драго ми е што Европа, како што видов од говорот на претседателката на Европската комисија, во нејзиниот говор за состојбата на Унијата, се чини дека е свесна за проблемите и се обидува со соработка да најде решенија, рече Сакеларопулу.

Би можело да ве интересира

Власта и општините не крателе од плати и патни трошоци туку од граѓаните за да ги покријат расходите во кризата

Факиќ: Заради покривање на енергетската криза грѓаните се оштетени за 220 милиони евра

Митотакис: Имаме воена состојба во мирнодопски услови

Горан Наумовски

Мицотакис го посети Волос и најави поддршка за погодените подрачја

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза