Мицотакис прими трета доза од вакцината

Од:

Речиси девет месеци по ревакцинацијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска прими трета доза од вакцината против Ковид-19 и ги повика граѓаните да го сторат истото, особено оние кои воопшто не се вакцинирани, истакнувајќи дека сега веќе фактите „не дозволуваат никаков сомнеж за ефикасноста и безбедноста на вакцината“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Девет од десет наши сограѓани кои и денес се приклучени на апарати се невакцинирани, а многу голем број наши сограѓани кои секојдневно ги губат животите, исто така се невакцинирани. Ајде конечно да ги послушаме научниците. Да ги погледнеме вистинските податоци. Сите да побрзаме да се вакцинираме за дополнително да ја зголемиме стапката на вакцинација во нашата земја во целина. Пред сѐ и над сѐ да си се ​​заштитиме самите и оние што ги сакаме и општеството, рече Мицотакис откако се вакцинираше.

Трета доза, во петокот прими и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која заедно со Мицотакис се вакцинираше на првиот ден од процесот на имунизација во земјата, на 27 декември 2020 година, а ревакцинацијата беше три седмици подоцна.

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски