Мицотакис: Почитувањето на правата на грчкото малцинство услов за интеграција на Албанија во ЕУ

Од:

Почитувањето на правата на грчкото малцинство е услов за добивање на датум за преговори за влез на Албанија во ЕУ.

Ова се наведува во писмото што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го испрати до друштвото на грчкото малцинство во Албанија „Омонија“, пренесува тиранската телевизија Ора њуз.

-Главна загриженост на грчката Влада и моја лична е ефикасна заштита на малцинските и имотните права на грчкото национално малцинство во Албанија, што е услов за започнување на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ. Владата и Нова демократија со политичка волја секогаш ќе бидат на страната на грчкото малцинство во Албанија, од секој аспект, стои во писмото на Мицотакис.

Исто така шефот на грчката Влада додава дека билатералните односи меѓу двете држави дополнително ќе се развиваат и зајакнуваат, не само во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ, туку и пошироко, што според него, ќе ги фаворизира и малцинствата и напредокот на двете земји.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов