Мицотакис по средбата со Ердоган: Ги поставив сите теми што произлегуваат од последните турски активности

Од:

Ги поставив на маса сите теми што произлегуваат од последните турски активности, беа забележани несогласувањата од двете страни, рече премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на маргините на НАТО Самитот во Лондон и додава дека имале отворена дискусија.

-Беа забележани несогласувањата од двете страни. Двете страни, сепак, се согласија да ги продолжат разговорите за мерките за градење доверба на Министерството за одбрана, рече Мицотакис по средбата.

Тој додаде дека му дал наредба на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас да го свика Високиот совет за надворешна политика за да бидат информирани политичките партии.

-Сакам да го уверам грчкиот народ дека тешкотии во односите со Турција имало, има, и ќе има. Мојата проценка е дека штом и двете страни покажат добра волја, на крајот може да се надминат, истакна грчкиот премиер.

На средбата, освен Мицотакис, од грчка страна присуствуваа и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, министерот за одбрана Никос Панајотопулос, директорката на дипломатската канцеларија на премиерот, Александра Пападопулу, советникот за национална безбедност Александрос Диакопулос и директорот на прес службата на грчкиот премиер, Димитрис Циодрас.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски