Мицотакис: Оној што гласа „за“ го отвора патот за наводните македонски идентитет и јазик

Од:

Тој што денес ќе гласа „за” го отвора патот за наводниот македонски идентитет и јазик за соседите, рече претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор кусо пред гласањето доверба на Владата.

Мицотакис, кој во поголемиот дел од говорот се задржа на економијата и на внатрешната политика, му порача на Ципрас „да ги заборави експресните процедури и тајните методологии за да го помине штетниот Договор од Преспа“.

Во однос на заканите до одредени пратеници, лидерот на Нова демократија рече дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење до пратениците, но не со закани и насилство.

– Нова демократија е наспроти секој вид на насилство од каде и да доаѓа, рече Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен