Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ

Од:

Од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на почетокот на расправата за гласање доверба на Владата, во делот посветен на нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, во едночасовното обраќање, кусо се задржа на грчката надворешна политика, споменувајќи ги Договорот од Преспа и односите на Грција со Турција.

-На Балканот, како што имаме кажано во неколку наврати, приоритет е да се ублажат негативните последици од спроведувањето на Договорот од Преспа. А главната точка овде е развојната програма за северна Грција, заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија. И сакам, одново да пратам една порака во и вон Грција: од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската унија, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер ја претстави програмата на новата влада, говореше за шест вистини, односно за приоритети во шест области, почнувајќи од намалување на даноците, приватизации, намалување на бирократијата, најави промени во здравството и образованието, промени во изборниот законик и давање можност за гласање на Грците кои што живеат во странство, вети поголема безбедност за граѓаните и слично.

Би можело да ве интересира

Eден загинат и четворица повредени во сообраќајна несреќа на нелегални мигранти во Грција

Грчко МНР: Лицемерно е Турција да се повикува на меѓународното право

Чавушоглу: Руските Ц-400 се компатибилни со американските Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО

Ана Ололовска

Индипендент: ЕУ се закани на Британија со санкции ако Лондон не почне со царински проверки во Ирско море

Ана Ололовска

Министерот за миграција на Грција се сретна со локалните власти од Лезбос, Самос и Хиос

Ана Ололовска

ЕУ до Башар Ал Асад: Неприфатливо е таргетирањето цивили

Ана Ололовска