Мицотакис: Нема да толерираме нелегални влегувања во Грција

Од:

Сакам да бидам јасен: никакви нелегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност, напиша на „Твитер“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за обидот бегалци и мигранти од Турција, преку Еврос, да влезат во Грција и додава дека земјата нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од други, јави дописничката на МИА од Атина.

-Значителен број мигранти и бегалци во големи групи се собраа на грчко – турската копнена граница и се обидоа, нелегално, да влезат во земјата. Сакам да бидам јасен: никакви илегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност. Грција не сноси никаква одговорност за трагичните настани во Сирија и нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од другите. За ситуацијата ја информирав Европската унија, напиша Мицотакис

Граничниот премин кај Еврос, од претпладнево е затворен, а според турските и грчките медиуми, од страна на Турција насобрани се мигранти и бегалци со намера да влезат во Грција.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен