Мицотакис: Нема да одиме во војна со Турција

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Економскиот форум во Давос оценил дека Грција нема да оди во војна со Турција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

На панел дискусија со новинарот Фаред Закариа, Мицотакис говорејќи за односите со Анкара рекол дека иако биле сведоци на многу тензии во изминатите три години, сепак нема да има војна и порачал дека двете земји треба да бидат во позиција да седнат на маса „како логични возрасни луѓе“ за да се реши единствената разлика, односно одредување на морските зони во Егејското море и Источниот Медитеран.

-Тоа е сложено прашање поради географијата на Егејското море, но успеавме да решиме слични проблеми со нашите соседи, истакнал Мицотакис според АНА-МПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција оди на избори во мај

Орце Костов

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он

Мицотакис: Изборите во Грција ќе бидат или во април или во мај

А1он

Рама до Мицотакис: Те сметаме за пријател и брат овде во нашата земја

А1он

Ципрас смета дека можно е Мицотакис да оди на предвремени избори

А1он

Рама до Мицотакис: Не кријам дека за мене, сте најдобриот грчки премиер