Мицотакис најави мерки за помош за настраданите во ланските пожари

Од:

Нашата држава, тогаш, не само што се покажа неспособна да заштити толку животи и имоти, за жал дури и сега се покажува неспособна да ги затвори големите рани, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на крајот од неговиот говор за време на расправата во парламентот за гласање доверба, осврнувајќи се на ланската трагедија во Мати по катастрофалните пожари и најави низа мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на владата на Грција рече дека сега имаат целосна слика за ситуацијата и објасни дека на специјалната сметка што лани владата ја отвори за помош на настраданите биле собрани 37,8 милиони евра од 2.770 физички и правни листа. Од овој износ, сега на сметката има 31 милион, а првите исплати биле кусо пред изборите. Од 475 објекти за рушење, биле урнати само 61, од 2.430 барања за обнова, биле издадени одлуки за само 440.

-Нашиот одговор сака да изрази почит во спомен на 102-те жртви. Да им се даде суштинска помош на жртвите и да се научи од грешките од минатото. Но, најважно, да се испрати пораката дека државата може да функционира поинаку, рече Мицотакис најавувајќи ги итните мерки.

Со владина одлука што ќе треба да ја потпише претседателот на државата на централната управа ќе и се даде можност да реагира во услови на природни катастрофи, а тоа ќе дозволи и непосредни чекори за користење на парите од специјалната сметка. Мицотакис најави дека веднаш ќе биде исчистен плацот на кој се собрани сите изгорени дрва.

Рече дека ќе се формира граѓанска невладина организација во која свои претставници ќе имаат волонтерите од локалното население, државниот трезор, Банката на Грција, Техничката комора, министерствата за животна средина и инфраструктура и генералниот секретар на владата, а целта ќе биде да се направи акционен план за обновување населбите зафатени од пожарот.

Мицотакис рече дека Министерството за здравство веќе се погрижило за 58-те лица кои се здобија со тешки изгореници во пожарот, бесплатно да имаат пристап не само до лекови, туку и до лекарска помош.

-Немаат само изгореници што ќе ги следат цел живот, имаат и големи лузни во душите. И минимум што можеме да направиме е со неколку едноставни чекори да ги поддржиме и да им кажеме дека имаат право повторно да се надеваат повторно да ги средат нивните животи, рече Мицотакис за време на неговиот синоќешен говор во Парламентот.

Рано утрово, грчкиот премиер присуствуваше на литургија во црква во Мати во спомена на жртвите од катастрофалниот пожар на 23 јули 2018.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен