Мицотакис: Набргу ќе се отвори дискусија за олеснувања, а не привилегии на вакцинираните

Од:

Го преферирам терминот олеснувања, а не терминот привилегии за слободите што може да ги имаат нашите вакцинирани сограѓани. Сметам дека оваа дискусија ќе се отвори набргу и ќе се отвори од страна на Владата од моментот кога сите наши сограѓани ќе имаат пристап до вакцините, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека, исто така ќе започне дискусија и за задолжителната вакцинација на одредени категории вработени во здравствениот систем, како што се здравствените работници и вработените во центрите за грижа на стари лица.

Говорејќи за актуелната ситуација со пандемијата во земјата рече дека оди во позитивна насока, со намалувања на новите случаи, но и бројот на хоспитализирани, а како пример спомена дека на почетокот на минатиот месец над 800 пациенти беа приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, а сега се под 370.

-Секако, жален е фактот што огромното мнозинство наши сограѓани кои се хоспитализирани, кои се тешко болни на Одделите за интензивна нега и за жал, некои од нив дури и ги губат нивните животи, се наши сограѓани кои не се вакцинирани, а кои имаа можност во последните месеци да се вакцинираат бидејќи се постари. Ова е нешто што треба да го смениме, истакна Мицотакис.

За процесот на имунизација, грчкиот премиер рече дека се одвива со брзо темпо со 100.000 дневни вакцинации, односно „еден процент од населението се вакцинира секој ден“.

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу истакна дека е охрабрувачки фактот што „младите се чини дека се држат настрана од идеологии и фобии“ и се вакцинираат за да си ја вратат слободата.

Се осврна и на делот што се однесува на уставните индивидуални права, потенцирајќи дека „Уставот во никој случај не го признава правото на некој да го загрози животот и здравјето на другиот“.

-Да се ​​надеваме дека сите ќе сфатат дека вакцинацијата е единствениот начин за сите, без оглед на возраста, да можеме да го вратиме сето она од кое што толку долго бевме лишени и да постои безбедност за во иднина. Бидејќи никој не може да ни вети нешто за следните бранови, според експертите, на есен, нешто што се надеваме нема да се случи, рече Сакеларопулу на средбата со Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Услови за патување во Грција, Турција и Албанија

Русите открија новa опаснa варијанта на коронавирусот, можно е да е отпорна на вакцините

Жарко Настоски

Грција го намали ДДВ за една третина на островите со прифатни центри на мигранти

Жарко Настоски

Совет на ЕУ: Проширена листа на земји чии државјани немаат ограничувања за патување

Ана Ололовска

Израел ќе и даде на Палестинската управа 1,2 милиони дози вакцини „Фајзер“

Ана Ололовска

Од утре во Црна Гора олеснети епидемиолошки мерки

Ана Ололовска