Мицотакис му порача на Вучиќ: Грција нема да го смени ставот за Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кој кажа дека Грција нема да го промени својот став кога станува збор за признавањето на Косово.

Вучиќ и Мицотакис вчера вечер разговарале за билатералните односи, ситуациите во регионот и европскиот пат на Србија.

Претседателот на Србија го замолил Мицотакис, Грција да не го смени својот став за непризнавањето на Косово како независна држава, истакнувајќи дека тоа за Србија е од пресудно значење, се наведува во соопштението.

Мицотакис истакнал дека Грција го поддржува дијалогот, не дека смета дека едностраните потези не придонесуваат, како и дека Грција нема да го промени ставот кога е во прашање независноста на Косово, пишува во соопштението.

Вучиќ истакнал дека српскиот и грчкиот народ ги врзува искрено пријателство, нагласувајќи дека е неопходно да се работи на јакнењето на економската соработка.

Тој се заблагодарил на Грција за поддршката која и ја дава на Србија на патот кон ЕУ, како и на поддршката на дијалогот меѓу Белград и Приштина и му честитал на Мицотакис за победата на изборите.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ