Мицотакис–Крамп-Каренбауер: Заедничка агенда за границите на ЕУ

Од:

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, конзервативната Нова демократија, Киријакос Мицотакис и претседателката на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Германија, Анегрет Крамп-Каренбауер се согласни дека е неопходно да се најде заеднички одговор за прашањето за миграција и безбедност, објави агенцијата АНА-МПА.

Како што се наведува, Мицотакис на состанокот со Крамп-Каренбауер, на маргините на Минхенската конференција за безбедност, нагласил дека грчките граници истовремено се и надворешни граници на Европската унија.

– Затоа сме особено заинтересирани да ја промовираме ефективната агенда за шенгенскиот простор и безбедноста на Европската унија која има обврска да ги зачува нашите заеднички граници. Грција сака да учествува во овие напори што е можно повеќе, истакна Мицотакис.

Крамп-Каренбауер рече дека Грција не треба да се остави сама и се согласи со Мицотакис за потребата да се најде заеднички одговор на прашањето за миграцијата и безбедноста.

– Грција, која е надворешна граница на Европа, не треба да се остави сама. Тоа е прашање на солидарност. Треба да ја поддржиме Грција по овие тешки години, за да продолжиме понатаму, истакна Крамп-Каренбауер

За време на состанокот со лидерот на најголемата германска партија, Мицотакис, покрај прашањето за безбедноста и заштитата на границата, ја истакна важноста и на економскиот развој во Грција и отворањето нови работни места.

Би можело да ве интересира

Митотакис: Имаме воена состојба во мирнодопски услови

Горан Наумовски

Мицотакис го посети Волос и најави поддршка за погодените подрачја

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

Мицотакис: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Горан Наумовски

Нова демократија е победник на денешните парламентарни избори во Грција

Грција: Според излезните анкети, Нова демократија на Мицотакис води на изборите