Мицотакис: Кон средината на мај ќе почнеме да се враќаме во нормала

Од:

Враќањето во нормален ритам и отворање на економските активности во Грција се очекува да почне кон средината на мај, кога е предвидено и да се отвори туризмот, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи на настан организиран од Нова демократија, Мицотакис рече дека во следните денови ќе се прецизира планот за враќање во нормала и истакна дека „здравствената криза на еден или друг начин е при крај“.

-Вакцинациите значително се зголемија и уште повеќе ќе се зголемат во следните два месеци. Ќе помогне и времето, ќе помогнат и селф тестовите и сигурно е дека во разумен временски период, што, верувам, во наредните денови ќе можеме попрецизно да го утврдиме, ќе започнеме да се враќаме во нормален ритам, а економската активност повторно ќе започне да се движи. Очигледно со значаен датум, средината на мај, кога имаме цел да го отвориме туризмот, што е толку важен за грчката економија за посетителите од странство под услов или да се вакцинираат, да ја прележале болеста или да имаат негативен тест, рече Мицотакис.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони во интервјуто за телевизијата „Скај“ утрово објасни дека целта е на средина на мај да може да се отвори туризмот, додавајќи сепак ќе зависи и од епидемиолошките податоци.

Пелони објасни дека Владата подготвува план за постепено укинување на карантинот, а во однос на мерките што ќе важат за Велигден, ја остави отворена можноста и во текот на денешниот ден да бидат соопштени во зависност од одлуките на Комисијата на епидемиолози која денеска одржува состанок.

Веројатно е дека нема да бидат дозволени движења меѓу региони, односно нема да се укине забраната за патување од еден во друг град, бидејќи како што објасни Пелони не треба да се ризикува да се влоши ситуацијата и вирусот од региони со лоша епидемиолошка слика да се пренесе и во други делови на земјата.

-Ставот и препораката на Владата е дека не треба да го ризикуваме сето она што го постигнавме и не треба да го ризикуваме на крај. Се наоѓаме кон крај, вакцинацијата напредува, времето се подобрува и ова го велам бидејќи времето ќе ни дозволи многу активности да се префрлат во надворешните делови. Доаѓа лето, рече Пелони и изрази надеж дека летото ќе биде послободно.

За отворањето на угостителските објекти што се затворени од почетокот на ноември минатата година, владината портпаролка истакна дека ќе биде по Велигден, а рестораните, кафулињата, таверните и сл ќе се отворат само во надворешните делови.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција