Мицотакис и Ципрас во жестока дискусија околу полициското насилство во Грција

Од:

Имам одговорност, како премиер на земјата, затоа што земјата има континуитет, државата има континуитет, да им се извинам на сите што биле повредени од случаи на полициско насилство во минатото, и во наше време и во ваше време, господине Ципрас, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одговарајќи на пратеничко прашање на лидерот на опозициската СИРИЗА за полициското насилство во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Алексис Ципрас упати обвинувања до Кирјакос Мицотакис дека предизвикува тензии и поделба, додека пак грчкиот премиер го обвини лидерот на СИРИЗА дека стои зад протестите.

-Должен сум да ве предупредам дека насилството го храни насилство, дека неселективната и неиспровоцираната репресија подготвува трагедии. Ако не го разбирате ова, господине Мицотакис, Вие сте несоодветен. Но, ако го разбирате и инсистирате на ова, Вие сте опасен, рече Ципрас.

-Не, господине Ципрас, насилството не раѓа насилство. Само насилниот говор, на крајот раѓа насилен чин. Насилството само по себе не раѓа ништо, раѓа само хаос, одговори Мицотакис.

Грчкиот премиер, паралелно соопшти и предлози што би можеле да се спроведат за намалување на полициското насилство.

Рече дека може на униформите на полицајците од сите единици да бидат поставени камери што ќе снимаат видео и тон, иако, како што спомена, за ова би постоеле реакции од Службата за заштита на лични податоци.

Како втор предлог ја спомена можноста за соработка со други полиции, како што се британската и француската, за да се подобрат психографичките тестови и однапред да се дијагностицира доколку еден полицаец или кандидат за полицаец има тенденција кон насилство.

Мицотакис објасни дека надлежното министерство набргу ќе донесе нов закон за надградба на полициските студии, а народниот правобранител ќе добие специјален асистент, кој ќе биде надлежен исклучиво за справување со полициското насилство

Би можело да ве интересира

За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето

А1он

Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето

А1он

Поплави и одрони на грчкиот остров Закинтос

А1он

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Земјотрес од 5.9 степени според Рихтер ја погоди Грција

А1он

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он