Мицотакис: Грција никогаш не провоцира, но секојпат кога ќе биде испровоцирана, одговара самоуверено

Од:

Можност за сите лидери да разберат „кој е тој што провоцира и која е земјата која самоуверено ги брани својот суверенитет и суверени права без никогаш да ја затвори вратата за дијалог“, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис бил вчерашниот непланиран дијалог со турскиот претседател и разменетите пораки, за време на вечерата во Прага на лидерите на земјите од Европската политичка заедница, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на вонредниот Самит на Европската унија во Прага, Мицотакис истакна дека „Грција никогаш не провоцира, но секојпат кога ќе биде испровоцирана, секогаш одговара самоуверено“ и порача дека ги затвораат сите прозорци за секоја провокација, но ја оставаат отворена вратата за дијалог.

-Имав можност пред 43 лидери присутни на овој прв состанок на Европската политичка заедница да го повторам она што го кажав и во Обединетите нации. Дека денес не може Грција да се обвинува за зголемување на тензиите во Егејското Море, кога Турција е таа што директно покренува прашања дури и за суверенитетот на грчките острови. И дека е невозможно да се продолжи со релаксирање на односите меѓу Грција и Турција, сè додека оваа реторика продолжува. Но, уште еднаш изјавувам дека Грција не е таа што ја затвора вратата за дијалог. Чувствуваме апсолутна самоувереност и сигурност дека меѓународното право е на наша страна, истакна Мицотакис.

Грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори, објавија дека на вчерашната вечера на лидерите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обратил и ја обвинил Грција дека ја подигнува тензијата и провоцира.

Според истите извори, Мицотакис веднаш зел збор и директно му одговорил дека треба да престане да го доведува во прашање суверенитетот на островите и дека наместо да предизвикува тензии, треба да дојде да се согласи на дијалог без тензии и екстремна реторика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсени седум криумчари меѓу спасените 483 мигранти кај Крит

Ана Ололовска

Грција и Бугарија разговараат за активирање на стариот проект за изградба на нафтоводот Бургас-Александруполи

А1он

Мицотакис: Нема да има предвремени избори

А1он

Грција и Египет потпишаа договор за соработка во воздухопловната и поморската потрага и спасување

А1он

За една седмица зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Грција

Околу 64 отсто од Грците не веруваат дека премиерот и владата не се поврзани со прислушувањата

А1он