Мицотакис го уверил Зеленски дека Грција ќе испрати помош и ќе прими бегалци

Од:

Начините за справување со тешките последици од 19-от ден од руската инвазија во земјата, била главната тема во телефонскиот разговор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со украинскиот претседател Володимир Зеленски, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Разговорот бил по иницијатива на украинскиот претседател, а Мицотакис го уверил за целосната поддршка на грчката Влада за испраќање помош и прием на бегалци од Украина.

Станало збор за „драматичната состојба во областите каде што живее грчката заедница и потребата од отворање хуманитарен коридор за безбеден излез, но и пристап до хуманитарен материјал“, а грчкиот премиер изразил интерес за префрлање на безбедно место на грчкиот генерален конзул и на останатите лица што се заглавени во зградата на ОБСЕ во Мариупол.

Мицотакис, како што информираа од неговиот кабинет, истакнал дека Европската Унија минатата седмица од Франција „испрати важна политичка порака за поддршка на европската перспектива на Украина“ и нагласил дека „целосното спроведување на санкциите од сите партнери и сојузници ќе помогне да се изврши притисок врз руската страна да ги запре нападите“.

Украинскиот претседател за телефонскиот разговор со Мицотакис, на „Твитер“ напиша дека ја ценат одбранбената и хуманитарната поддршка на Грција, а дискутирале и за хуманитарните коридори особено во Мариупол, како и за ЕУ перспективата на Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина