Мицотакис ги повика министрите од владата и пратениците од Нова демократија да отстапат половина плата за борбата со Ковид-19

Од:

Во една симболична иницијатива, ги повикувам сите пратеници на Нова демократија, како и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Фејсбук“ профил, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис вели дека политичкиот свет од земјата треба да биде во првите редови на солидарноста.

-Пред здравствената закана сите сме еднакви. Но, во борбата со неа, секој е должен да понуди според своите сили. Сигурен сум дека оваа опција ќе ја следат и другите партии, напиша грчкиот Премиер.

Средствата од платите ќе бидат ставени на специјална сметка наменета за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција