Мицотакис: ЕУ нема да прифати решение за Либија доколку не се повлече договорот со Турција

Од:

Европската Унија нема да се согласи на политичко решение на либискиот конфликт доколку Турција и Либија не се откажат од договорот за делимитаризација на поморските граници, што беше потпишан во ноември, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Меѓународно признатиот либиски премиер, Фајез Сараџ, неделава изјави дека неговата земја ќе се најде пред „катастрофална ситуација“ доколку странските сили не извршат притисок врз генералот Калифа Хафтар да ја крене нафтената блокада, пренесе БТА.
Сараџ во ноември го потпиша договорот со Турција, што за цел има создавање посебна економска зона од средоземноморското крајбрежје на Турција до североисточното крајбрежје на Либија.
Грција тврди дека договорот е невалиден и го нарушува меѓународното поморско право.

Во дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Мицотакис кажа дека пред сите засегнати страни кажал дека никакво политичко решение за Либија нема да добие согласност од ЕУ доколку договорите со Турција не бидат повлечени.

Европската унија, исто така, се изјаснува против договорот меѓу Турција и Либија за поморскиот простор, посочува БТА

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

Силен земјотрес ја погоди Турција

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди