Мицотакис: Единството и солидарноста треба да бидат основните принципи меѓу членките на НАТО

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на НАТО самитот во Лондон рекол дека единството и солидарноста треба да бидат основните принципи што ги одредуваат односите меѓу членките на Алијансата, посочил дека членките на НАТО имаат одговорност да ги почитуваат и да постапуваат согласно овие принципи, како и да се воздржуваат од дејствија што можат да создадат тензија меѓу сојузниците и соседите и ја истакнал улогата на Грција како важен столб на мирот и стабилноста на Балканот и Југоисточниот Медитеран, брифираат извори од кабинетот на Мицотакис.

Грчкиот премиер, паралелно се осврнал и на соопштенијата околу меморандумот меѓу Турција и Либија велејќи дека промовирањето меѓународни договори што грубо го кршат и меѓународното право и правните права на земјите на НАТО е јасно спротивно на духот на соработка и основните принципи.

Мицотакис истакнал дека Грција очекува од соседите да покажат почитување на суверените права на земјата и да се воздржат од активности и изјави што ги загрозуваат добрососедските односи и одржувањето на регионалната безбедност.

Според информациите од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис посочил дека НАТО мора да се справи со новите предизвици, како што е и масовната нелегална миграција, а конкретно се осврнал на присуството на НАТО во Егејското море.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО