Мицотакис: Договорот од Преспа речиси ја даде на друг придавката „македонски“

Од:

Лидерот на Нов демократија, Кирјакос Мицотакис, говорејќи во Европскиот парламент за време на на активностите на Европската народна партија, се осврна и на Договорот од Преспа, а овој пат, акцентот го стави на производите кои го носат терминот „македонски“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека Договорот од Преспа речиси ја даде на друг придавката „македонски“, а уште еднаш го повтори ставот на најголемата грчка опозициска партија дека „признавањето на македонска националност и македонски јазик е најголемата грешка и длабока национална отстапка во однос на оние работи за кои преговараа претходните влади“.

– Гледате дека, за жал, континуирано се додаваат и нови проблеми за кои имавме споменато и кои ќе ги најдеме пред нас: идентитетот на македонските производи од Северна Грција денес е оспорен, бидејќи Договорот од Преспа, речиси ја даде на друг придавката „македонски“. Тоа значи, кога македонските производи доаѓаат на саеми во странство некои оспоруваат дека можат да се претстават на овој начин. Ќе биде потребна голема битка за да можеме да ја коригираме создадената тешка ситуација и да го одбраниме брендот на Македонија и грчките компании кои се базираат токму на ова име, кое што се идентификува со нашата Македонија, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, Договорот од Преспа го спомена заедно со уште три други причини зошто граѓаните не треба да гласаат за Ципрас на следните избори.

Би можело да ве интересира

Дополнителен персонал во болниците на грчките острови погодени од бегалските и мигрантските бранови

Ана Ололовска

Регистрирани нови седум смртни случаи од сезонски грип во Грција

Ана Ололовска

Митаракис: Пет грчки острови го носат товарот на европската миграциска криза

Ана Ололовска

Во Солун запалени возила на Министерството за култура

Ана Ололовска

Дендиас: Грција е против нечесен и навредлив компромис

Анархистичката група ја презеде одговорноста за запалени автомобили и ги повика граѓаните да не паркираат до луксузни возила

А1он