Мицотакис до Грците во САД: Со одговорност и дисциплина перипетијата со пандемијата наскоро ќе помине

Од:

Заедно со нелегалниот упад на мигранти на нашата граница, бевме на мета на овој невидлив непријател што го нападна здравјето. Првата битка ја добивме, а втората ја добиваме секојдневно со брзите и храбри одлуки на Владата и со одговорната позиција на сите граѓани од градовите и селата, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата порака за пандемијата на Ковид-19 до Грците кои живеат во САД. Тој истакна дека „со одговорност и дисциплина перипетијата со пандемијата наскоро ќе помине“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објаснувајќи дека Грција веќе влегува во вториот месец со вонредни мерки „што ги наметна пандемијата“, порача дека неговите мисли се со Грците што се надвор од границите, а особено со оние во САД и Њујорк и паралелно ги советува да останат дома.

-Искуството од нашата земја покажува дека смиреноста и солидарноста носат резултат. Останете дома, водејќи сметка за вашата лична хигиена и најранливите. Држете се заедно. Нашите амбасади и конзулати секогаш ќе бидат отворени за вас. А организациите на иселениците и нашата Црква се стабилна мрежа на взаемна помош, порачува Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски