Мицотакис: Целта е до 2030 година едно од три нови возила во Грција да биде електрично

Од:

Нашата национална цел, денеска е малку поамбициозна од целите на другите земји: еден од три нови автомобили во Грција во 2030 година да биде електричен, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, презентирајќи го владиниот план за постепено преминување кон движење на електричен погон и објасни дека бројот на електрични автомобили во земјата едвај надминува 0,33 отсто, а „Грција, конечно се подготвува и таа да се приклучи на штекерот на иднината“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни според програмата „Се движам електрично“, планирани се субвенции од 15 отсто за купување или изнајмување на електрични автомобили, како и 25 отсто за купување електрично такси возило.

Електричните возила, секаде ќе се движат слободно, а во првите две години ќе бидат ослободени од такса за паркирање, а ќе има и дополнителни даночни олеснувања и за бизнисите доколку ги заменат службените возила со електрични.

Субвенции од 20 и 40 отсто се планирани и за купување електрични мотори и велосипеди.

-Во првата фаза со 100 милиони евра и за 18 месеци го субвенционираме купувањето автомобили од нов тип. Процената е дека така ќе се покријат 25 отсто за околу 14.000 нови електрични автомобили. Бидејќи придобивката по единица, во комбинација со еколошкиот бонус и соодветните даночни ослободувања, ќе достигне до 10.000 евра. Нешто што движењето на електричен погон, новите електрични автомобили, ќе ги направи подостапни за просечниот приход, рече Мицотакис и објасни дека планирано е и јавниот превоз во Солун и Атина постепено да се префрли на електрични автобуси, додека пак дел од пратениците веќе го направиле првиот чекор и ги замениле нивните автомобили со електрични.

Грчкиот премиер истакна дека набргу ќе биде соопштен и „иновативен и амбициозен план“, односно еден од грчките острови, без да открие за кој се работи, целосно ќе се префрли на електричен погон и сите возила, државни и приватни, ќе работат исклучиво на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција