Мета загрижен поради состојбата со Ковид-19 во Албанија и побара од Владата повеќе пари за здравството

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета изрази загриженост во врска со епидемиолошката состојба во земјата, создадена од ширењето на варијантата „Делта“ и ја повика Владата да го зголеми финансирањето за здравствениот систем што е можно поскоро, бидејќи „варијантата Делта не може да се држи под контрола со полициски час“, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Овој многу сериозен момент не може да се држи под контрола со полициски час, туку со научни и пропорционални мерки, дополнителни вакцини и здравствени протоколи консолидирани и признаети на меѓународно ниво. Високото зголемување на случаите на зарази со Ковид-19, за жал и загубата на животи во последните денови, особено во новите околности создадени со ширењето на варијантата „Делта“, ја покренува виталната потреба за преземање други ефективни мерки за спречување натамошна ескалација на ситуацијата, напиша Мета на Фејсбук.

Тестирањето, следењето, изолацијата и соодветниот медицински третман се значајни чекори во оваа ситуација, додава Мета и ги охрабрува граѓаните, особено оние со други здравствени проблеми, кои не го поминале Ковид -19, да се вакцинираат што е можно поскоро за да се намали можноста за ширење на опасниот вирус.

– Апелирам до Владата што поскоро да ги зголеми средствата за здравствениот систем, со цел да се подобри услугата што им се дава на граѓаните и да не се соочиме повторно со неприфатливите услови на лекарите и медицинските сестри во здравствените домови, кои се бореа во прва линија, без заштитна опрема и соодветни дијагностички апарати, наведува Мета во објавата на Фејсбук каде постира фотографија на која е со заштитна маска.

Неговата реакција следува откако претходно денеска албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по анализа на состојбата со Ковид-19, донесе одлука за воведување нови ограничувачки мерки за влез во земјата, а го зголеми и времетрањето на полицискиот час.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски