Мета загрижен од можноста за враќање на визниот режим за Албанија

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета изрази загриженост во врска со опасноста од повторно воспоставување на визен режим со земјите од Шенген зоната за Албанија.

-Претседателот со длабока загриженост забележува на опасноста од повторно воспоставување на визен режим за Албанија. По поднесувањето на холандската апликација за враќање на визите до Европската комисија и вчерашното предупредувањето на Комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос за преземање мерки против Албанија, заедно со Венецуела и Колумбија, е предупредување за сите, се наведува во соопштението од кабинетот на Мета.

Тој ги повикува сите одговорни државни институции да го следат со апсолутен приоритет ова прашање кое носи голема чувствителност за сите албански граѓани.

-Движењето без визи е едно од најголемите достигнувања за албанските граѓани, како народ кој претрпел најголема и најдолга изолација во регионот. Сите добро се сеќаваме на долгите редици пред вратите на амбасадите, со очајни членови на семејствата кои бараат можност да се сретнат со нивните деца, роднини или можност да студираат и да патуваат во странство,посочува Мета.

Тој упатува апел под итно да се преземат сите неопходни мерки да не се запоставува или заобиколува каква било одговорност што би наштетила на „оваа стекната слобода на Албанците“.

Исто така нагласува дека внимателно ги следи сите искажани ставови и дискусии во врска со напредокот на земјата во процесот на европската интеграција на земјата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија