Мета: Владата мора да се жртвува, треба помалку да краде

Од:

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, ја обвини владата за корупција и му порача на премиерот Еди Рама „жртвата што треба да ја направи е помалку да краде”.

Обраќајќи се на состанокот на Организацискиот одбор на партијата тој обвини за корупција во енергетиката каде се злоупотребени над две милијарди евра.

Тој иронично рекол дека владата мора да се жртвува, а тоа е „помалку да краде”. Но, според него, тоа е невозможно, бидејќи Рама не знае да не краде, зашто тој е премиер „кој сака се повеќе да краде”.

– Жртвата што мора да ја направи владата е да краде помалку. Па, Рама не може да го направи тоа. Рама тоа не може да го направи зашто е премиер кој се повеќе сака да краде. Во енергетиката злоупотребата е две милијарди евра, а вкупната корупција е над 12 милијарди евра, обвини Мета.

Според него, една од најголемите коруптивни афери е пристаништето Драч, кое Рама договорил да го кради фирма од Обединетите Арапски Емирати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија