Мета: Состојбата со корупцијата многу сериозна и бара итен одговор

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше на последниот извештај на Транспаренси Интернешнал за индексот на перцепција на корупцијата во кој Албанија има уназадување во однос на другите земји во регионот, и состојбата ја оцени како „многу сериозна и бара итно, ефективно и одговорно справување“.

– Доста е од корупција! Доста е од неказнивост! Додека државите Северна Македонија и Косово постигнаа значителен напредок во борбата против корупцијата, состојбата во нашата земја продолжува да се влошува. Во годишниот извештај на престижната Транспаренси Интернешнл, за индексот на перцепција на корупцијата во светот, Албанија има пад од еден поен во однос на минатата година, од 36 на 35 поени, стои во реакцијата на Мета.

Според Мета, овие податоци, за жал, во целост се во согласност со општото убедување и перцепција на граѓаните, но и со предупредувањата кои долго време ги упатувал тој.

– Долго предупредувам за ниското ниво на демократија во државата, непочитувањето на слободите и правата, употребата на пандемијата за зајакнување на авторитаризмот, недостатокот на отчетност на сите нивоа, злоупотребата на јавните средства преку концесии, јавно приватното партнерство, страшна ситуација која продолжува да ја убива надежта и да принудува се повеќе Албанци да ја напуштат земјата, да ја градат својата иднина надвор од Албанија, посочува тој.

Во врска со ова реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, според кого извештајот на Транспаренси Интернешнл за 2021 година потврдува дека „непријател на благосостојбата на Албанците е корупцијата“.

– Борбата против корупцијата денес е наш национален интерес, да ја ослободиме државата и нејзините институции од корумпираните. Иако мал грст луѓе се обидуваат да ја држат иднината како заложник, таа сега им припаѓа на Албанците, стои во објавата на Баша.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија