Мета сака да знае што разговарале Рама и Мицотакис околу поморската граница

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета упати барање до премиерот Еди Рама во кое се бара официјална информација во врска со прашањето околу поморската граница со Грција.

Во писмото, Мета бара од Рама информации за тоа што разговарал со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис и за дејствијата што ќе ги преземе албанската Влада по ова прашање.

Откако напоменува дека на седница на грчкиот Парлемент на која на дневен ред била ратификацијата на договорот за морето на Грција со Италија и Египет, премиерот Мицотакис изјавил дека грчките територијално води се прошируваат за 12 милји во Јонско Море, Мета поставува неколку барања.

„Барам информации за комуникацијата со грчкиот премиер или други високи грчки функционери околу ова прашање.Барам информации за официјалниот став на албанската Влада околу ова прашање и последиците, вкучително и на меѓународните, кои може да произлезат од тоа, како и информации за дејствијата што ќе ги преземе албанската Влада кон евентуалните последици од еден ваков едностран акт од страна на Грција, стои во писмото.

Мета посочува дека ова го бара поаѓајќи од “големото национално, државно, геостратегиско и економско значење што ова прашање го има за Република Албанија“.

Писмото, поради запознавање, е испратено и до претседателот на Парламентот Грамоз Ручи.

По лавината реакции и обвинувања од страна на опозицијата, познати личности од оваа област,како и граѓанскиот сектор, дека „им го подарил морето на Грците и оти за тоа веќе има таен договор“ Рама во вчерашната објава на Фејсбук напиша дека не постои никаков таен договор за поморската граница со Грција.

-Нема таен договор за границите меѓу Албанија и Грција и не може да има бидејќи таквите нешта немаат никаква вредност ниту над морето, а ниту над копно, се додека се тајни. Дали сте виделе потпишани и со печат официјализирани документи за ова море што сум им го продал или подарил ? Не, не сте виделе, бидејќи не постојат. Договори се прават откако се преговара со години, кои се објавуваат во јавноста и имаат вредност само кога ќе го положат тестот на уставните институции на државата, напиша меѓу другото Рама

Тој уште додава дека говорот на грчкиот премиер во парламентот нема никаква врска со територијалните води на Албанија, со каков било договор меѓу Грција и Албанија или со каква било работа со Албанија поврзана со правото на Грција за кажаните 12 милји.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов