Мета реагира на отповикувањето во Парламентот: Ништо ново од трговецот со границите на Албанија и Косово

Од:

Откако албанскиот Парламент денеска гласаше со 104 гласа за разрешување на претседателот Илир Мета, првата негова реакција дојде преку портпаролот, Теди Блуши.

Преку објава на Фејсбук тој ја пренесува јасната порака дека претседателот „не бил ниту изненаден ниту загрижен од неуставната одлука“.

– Никаква загриженост за неуставната и смешна одлука на монистичката парламентарна депонија, која ќе влезе како студиски пример во светската историја на парламентаризмот, како Собрание без опозиција, кое иако е распуштено од народот, гласа за разрешување на друга институција, пишува Блуши, кој постира карикатура на која парламентот е прикажан како депонија.

Според него не е никакво изненадување од трговецот со границите на Албанија и на Косово, индиректно посочувајќи го премиерот Еди Рама.

– Никакво изненадување од трговецот со границите на Албанија и на Косово, партнерите и вазалите на олигарсите, мафијата, крадците на гласовите, парите и имотот на Албанците, кои не направија ништо друго туку го исполнија последниот чекор на тешкиот изборен криминал од 25 април. Освен вечната пензија, обезбедивте и одмори и за оваа година! Честитки за вас, што не излеговте од оваа грозотија без ништо!, наведува тој.

Блуши понатаму додава дека оваа одлука нема да го спречи шефот на државата во одбраната на суверенитетот, туку напротив, тој дури ги замолува новинарите да се занимаваат со сериозни работи како што се расветлување и темелно истражување на изборни криминали.

– Претседателот Илир Мета е помотивиран од кога и да е да го заштити суверенитетот и интегритетот на Албанија од каков било обид на предавници, нивни соработници и тутори, кои со години работат против нашата земја, Албанците и националниот интерес. Искрена покана и до колегите новинари: Справувајте се со сериозни работи, расветлување, темелно истражување и осуда на изборниот криминал, стои на крајот од реакцијата на Теди Блуши.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија