Мета побара од владата итна реакција за да се избегне катастрофа во албанската економија и семејствата

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета попладнево реагираше околу тешката економска состојба, предизвикана од пандемијата со Ковид-19, што условила клуч на врата да стават сопственици на илјадници мали бизниси, што потврдува колку е сериозна состојбата и болни последиците од неа“.

Тој бара од Владата итна реакција за да се „избегне катастрофа во албанската економија и семејства“.

Смета дека под итно треба да бидат сослушани и поддржани барањата на малиот бизнис преку конкретна и ефикасна стратегија, за да се избегне губење на десетици илјади работни места.

-Затворањето на илјадници ќепенци на малите бизниси низ целата земја е најболната слика за екстремно сериозните последици во националната економија од негативните ефекти на пандемијата Ковид-19. Под итно да се слушнат и да се поддржат барањата на малиот бизнис, преку конкретна и ефикасна стратегија, да се избегне губење на десетици илјади работни места, катастрофи во економијата и на секое албанско семејство и да се спречи натамошниот раст на неприфатливото ниво на сиромаштија, стои во реакцијата на Мета.

Претходно Асоцијацијата на малите и средни бизниси состојбата ја оцени како катастрофална, нагласувајќи дека работните места во овој период на пандемија ги изгубиле 70.000 лица.

И гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, рече дека пандемијата со Ковид-19 тешко ја погодила албанската економија, каде како последица целата економска активност претрпела силно забавување. Според него се очекува пад на вработеноста и зголемување на невработеноста како и раст на долговите во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски