Мета: Одлуката за прогласување на Бериша „нон грата“ е дело на Баша и Рама

Од:

Претседателот на Партијата на слободата и до неодамна шеф на албанската држава, Илир Мета денеска изјави дека на средба со американската амбасадорка во Тирана Јури Ким го изнел ставот дека зад прогласувањето за непожелна личност на Сали Бериша стои тандемот Баша-Рама.

dobivaj vesti na viber

-Не можам да ви кажам кои беа пораките на амбасадорката. Тие сами зборуваат ако имаат што да кажат. Но, можам да ви кажам што и кажав на амбасадорката. И го кажав моето мислење за прогласувањето на Бериша за „нон грата“. Изразив уверување дека ова е дело на Љуљзим Баша и Еди Рама во соработка, рече Мета.

Додаде дека „прогласувањето нон грата“ е чин и одлука на САД за која нема што да се дискутира.

-И реков на амбасадорката да каже во Вашингтон дека јас лично го ценам позитивниот ефект од оваа одлука, зашто без неа и понатаму Љуљзим Баша ќе беше претседател на Демократската партија(ПД). Но, нагласив дека за таа одлука за Бериша не бев и не се согласувам затоа што сметам дека не е одмерена и пропорционална, рече Мета.

Ние како партија, нагласи тој, „не правиме избор меѓу Бериша и Америка, или ПД и САД“, дека како партија имаат своја програма која е 100 отсто независна од ПД.

-Наша заложба е 100 отсто да ги исполниме нашите обврски кон стратешкото партнерство со САД, со кои имаме одлични односи и во исто време да ги забрзаме приоритетните реформи во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои се клучни за отворање на преговорите со ЕУ, рече тој.

Мета кој беше најгласен за масовни протести, овој пат изгледа ја избегна идејата на Бериша за генерален штрајк во земјата, додавајќи дека на „земјата и се потребни протести поради злоупотребите на владата“.

Од амбасадата пак објавија дека средбата била во рамки на планираните средби со политичките партии и оти амбасадорката ја нагласила потребата „политичките партии да се единствени и да се вклучат во конструктивниот дијалог кој ја зацврстува демократијата, да се борат против корупцијата и да ги носат напред преговорите на Албанија за полноправно членство во ЕУ“.

Бериша, беше прогласен за нон грата од САД на 19 мај 2021 година за коруптивни дела кои ја поткопуваат демократијата во Албанија, додека на 22 јули годинава и од Обединетото Кралство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама на средба со Штајнмаер изрази голема благодарност за германската поддршка

Ана Ололовска

Во Албанија годинава 80 новозаразени со ХИВ, меѓу нив и две деца

Ана Ололовска

Сунак и Рама разговараа за сузбивање на илегалната миграција

Ана Ололовска

Рама: Безбедносните мерки на денот на Самитот не се преговараат со никого, за нив одлучува Совет на Европа

Ана Ололовска

Италијански обвинител: Албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа

А1он

Албанија на британскиот список „безбедни земји“, барателите на азил побрзо ќе бидат депортирани

А1он